Милан го продолжи договорот со Тонали до 2027 година
.Милан вчеравечер објави дека го продолжил договорот со играчот од средниот ред Сандро Тонали. Двете страни се обвразаа на соработка до 2027 година.
Според новиот договор, платата на 22-годишниот Тонали ќе порасне од 1,2 милиони евра на три милиони евра по сезона.
Играчот од средниот ред одигра пет натпревари за Милан оваа сезона и има една асистенција.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 50 милиони евра.