Милан најмалку шест месеци без Бенасер

Играчот за врска на италијански фудбалски прволигаш Милан, Исмаел Бенасер (25), ќе паузира најмалку шест месеци поради операција на коленото, соопшти денеска клубот.

Алжирецот се повреди претходно овој месец во текот на првото полувреме од првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони против градскиот ривал Интер (0-2).

Милан соопшти дека Бенасер бил опериран денеска во Лион.

Клубот од Милано вечерва против градскиот ривал Интер го игра реванш полуфиналниот натпревар во Лигата на шампиони.

Back to top button
Close