Милановиќ реагира дека Борел пратил „дрско и скандалозно“ писмо до Хрватското МНР

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека ЕУ се однесува недозволиво кон таа држава, наведувајќи го како пример „дрското и скандалозно писмо“ на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел до хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман.

Тој не ја откри содржината на писмото, но навести дека тоа се однесува на барањето на Хрватска да учествува во мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина.

Милановиќ рече дека не сакал да зборува за тоа порано за да не го загрози влезот на Хрватска во Шенген, со што „заврши хрватската историја“, бидејќи „сите крадци ќе можат да влезат во Хрватска без надзор, без гранична контрола“.

Back to top button
Close