Милатовиќ: На инаугурацијата во сабота во Подгорица доаѓаат сите лидери од Западен Балкан

Новоизбраниот црногорски претседател, Јаков Милатовиќ, по втората средба со шефот на државата во заминување, Мило Ѓукановиќ, денеска најави дека на неговата инаугурација во сабота во Собранието на Црна Гора во Подгорица ќе присуствуваат сите лидери на Западен Балкан.

Мило Ѓукановиќ од Црна Гора и новоизбраниот Јаков Милатовиќ денеска одржаа втор состанок во рамки на примопредавањето на власта, по што беше соопштено дека покажале дека се посветени на државната функција и дека Ѓукановиќ ќе присуствува на инаугурацијата на Милатовиќ.

Милатовиќ кажа дека двата разговори со Ѓукановиќ биле „конструктивни и засновани на потребите“ на надворешната и внатрешната политика на земјата.

-Мислам дека разговорите се добар пример за демократска транзиција на власта. Му благодарам на Ѓукановиќ за конструктивниот разговор. Знаете дека сме различни, но покажавме дека сме посветени на оваа функција, рече Милатовиќ и додаде дека Ѓукановиќ ќе присуствува и на инаугурацијата со што ќе се заокружи процесот на примопредавање на должностите.

Ѓукановиќ на Милатовиќ му посака успешен мандат и дека од таа позиција ќе придонесе за остварување на најважните национални интереси на државата.

-Разговорите беа интересни, разговаравме за регионалната, европската и глобалната политичка рамка, за многу аспекти на внатрешната политика… Се согласивме дека има многу предизвици и дека е важно Црна Гора да воспостави внатрешна политичка стабилност и напредок кон својата цел – до Европската унија (ЕУ), рече Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ на прес конференцијата по средбата кажа дека и денешната средба како практика е добредојдена и фрла светлина врз растечкиот демократски капацитет на земјата.

Првата средба Ѓукановиќ и Милатовиќ ја одржаа на 12 мај

Back to top button
Close