Милион луѓе ширум САД се без струја поради снежна зимска бура

Речиси милион луѓе ширум САД се без струја поради снежна зимска бура. Загина еден пожарникар во Мичиген, а севкупно 13 милиони се на удар на невремето.

Поручникот Иран Квилен,28-годишен пожарникар, од доброволното противппожарно одделение загина откако го удриле жици од електровод под напон додека одговарал на повик во средата вечер, велат надлежните од сујузната држава Мичиген.

 

– Advertisements –

 

Речиси милион луѓе во САД беа без струја во четвртокот попладне поради снежната бура, а најпогодена е државата Мичиген, каде повеќе од 820.000 домови и претрпијатија беа без електрична енергија, објави „Гардијан“.

ДТЕ, еден од најголемите добавувачи на електрична енергија во Мичиген, пријави голема штета на електроенергетската инфраструктура поради големи количества мраз, како и дека се соборени повеќе од 2.000 далноводи.

На запад, бурата исто така донесе снег ширум Калифорнија и предизвика први предупредувања за снежна бура во последните неколку децении и тоа за планинските подраќја на округот Лос Анџелес, Вентура и Санта барбара која ќе трае до сабота попладне.

Метеоролозите предупредија дека бурата ќе продолжи да донесува снег во западните делови на САД, како нво северните рамнини и Големите Езера.

Истовремено, делови од југот на САД ќе имаат рекордно топло време за ова доба од годината, со температури над 26 степени Целзиусови.

Back to top button
Close