Милион причини зошто НЕ

Затоа што ги пониживте албанците.
Затоа што ги украдовте албанците и сите останати граѓани.
Затоа што му слугувавте и го држевте на власт Груевски цели единаесет години.
Затоа што му дадовте два мандати на Хорхе.


Затоа што со месеци во време на пандемија државата ја оставивте без Собрание.
Затоа што сте себични и го гледате само тесниот партиски интерес.
Затоа што скоро две децении промовирате фолклорен национализам.
Затоа што уште калкулирате со државното знаме. Затоа што станавте милионери за овие години владеење.
Затоа што сте демагози и лицемери. Затоа што ниту еднаш во вашиот политички дискурс не се спомнуваат сите останати граѓани на оваа држава освен албанците.
Затоа што го уништивте Чаир, и другите општини каде вие владеете.
Затоа ниту еднаш не преземавте одговорност за ништо во овие 18 години владеење.
Затоа што направивте паразити од вашите симпатизери седејќи дома и зимајќи плата.
Затоа што констатно си поигрувавте со меѓуетничките односи. Затоа што го спасивте Трајко Велјановски од затвор.
Затоа што не е битно од која етничка група му припаѓа премиерот, важно е да работи за сите, да обединува наместо да ги дели граѓаните по етничка линија како што сакате вие.
Има уште милион причини зошто да не.
Не е спорно барањето албанец да биде премиер, порано или подоцна ќе има албанец премиер, ама не затоа што вие сакате, затоа што ние како општесво секој ден сме позрели, се бориме против стереотипите што вие заедно со ВМРО ни ги наметнавте.
За крај прво вие треба да одите во опозиција, да се реформирате, да станете нормална партија а потоа да ни зборувате за големи идеи и концепти.

Замир Мехмети

Back to top button
Close