Милиони луѓе во Мексико, САД и Канада го чекаат целосното затемнување на Сонцето
Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си.
Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада.
Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико.
Оваа појава ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во трите земји.
Ова ќе биде прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде во 2044 година.