Милков: Изјавите на Костадинов дека „Македонија е втора бугарска држава“ не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија

Изјавите на бугарскиот пратеник и лидер на партијата Преродба, Костадин Костадинов не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија, порача денеска од Скопје шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, кој учествува на македонско-бугарскиот бизнис форум.

Јас сум сосема категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува официјалната позиција на Република Бугарија и на нејзината Влада и мојот апел кон медиумите во Македонија е да не го концентрираат вниманието врз политичари коишто бараат такви крајни искази. Поважен е официјалниот став на Бугарија и многу ќе се радуваме ако вие го посочувате на граѓаните на Македонија тоа што го мисли мнозинството од бугарското општество и политичарите, а не некои луѓе што користат такви термини за да ги истакнат своите политички внатрешни цели, рече Милков на заедничката прес-конференција со Бујар Османи.

Back to top button
Close