Минималецот во март околу 20 500 денари, а линеарно ќе се зголеми и платата на административците за 2 000 денари, најави Бектеши
Но, како што рече тој, дополнително на тоа, за да има еднаквост во делот на платите на администрацијата, би требало околу 2 000 денари да има зголемување линеарно на сите плати во администрацијата се со цел да има разлика меѓу платите во државната администрација.
„И тие средства веќе се предвидени, има буџет за тоа зголемување“,
рече Бектеши.Според него, Министерството за финансии ги има направено сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.
„Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка. Ако треба да се носи законско решение, најверојатно сите политички партии во Собранието би го поддржале. Треба да направиме сè што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните. Во таа насока ќе постапиме и како Влада. Министерот Бесими вели дека сите проекции и калкулации се направени, веќе ги има донесено тие одлуки и е подготвен да се направи ова зголемување – истакна Бектеши на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања.