Министерот Меџити доби поддршка од премиерот за укинување на економските директори

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека би го поддржал предлогот на министерот за здравство Фатмир Меџити за укинување на економските директори.

-Јас сметам дека е неиздржано на еден километар квадратен да има 60 директори, 60 заменици директори и 60 управни одбори. Тоа никаде во светот го нема – нагласи Ковачевски

Меџити, пак, деновиве изјави дека очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар со еден генерален директор, со што би се укинале организациските или економски директори на одделните клиники.

Back to top button
Close