Министерство за правда: Ќе ги побараме од Судот и Обвинителство предметите за Груевски и ќе постапиме согласно закон

Министерството за правда попладнево соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе достави барање до надлежните судски органи и обвинителства за потребните списи за сите предмети поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски и откако ќе ги добие потребните документи, ќе постапи согласно позитивните законски прописи.

Од Министерството велат дека за Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година.

„Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница. Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало“ – соопштија од Министерството за правда.

Back to top button
Close