Министерството за здравство бара брзо расчистување на случајот со земањето поткуп од директорот на Геријатрија

Министерството за здравство се огласи по апсењето на директорот на Геријатриската болница „13 ноември“, Мухсин Арифи. Велат дека стојат на располагање за било какви информции.

„Министерството за здравство се залага за што побрзо расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа. Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи“, вели Министерството за здравство.

Директорот на специјализираната болница за Геријатрија доктор Мухсин Арифи е приведен под сомнение дека зел мито за да хоспитализира пациент. Се шпекулира за сума од 20 илјади евра која не е потврдена.

„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и МВР приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување на настанот“, посочија од Обвинителството

Back to top button
Close