Мишел: Геноцидот во Сребреница еден од најмрачните моменти во модерната европска историја

Геноцидот во Сребреница е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја. Вака изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по повод 27- годишнината од геноцидот во Сребреница, Босна и Херцеговина, објави весникот „Дневни аваз“.

Трагедијата нè потсетува дека треба да продолжиме да работиме заедно за мир во Европа и Босна и Херцеговина да стане дел од Европската Унија, смета Мишел.

„Нашите срца и мисли се со жртвите и со нивните семејства“, напиша меѓу другото Мишел на Твитер.

Back to top button
Close