“Мислите дека ќе ја отапе болката, но само ве убива” Наоми Кемпбел за својата борба со зависностите
Манекенката Наоми Кемпбел во новата документарна серија „Супермодели“ (The Super Models) открива дека зависноста од дрога за малку ќе ја убиела кога била на врвот на својата кариера во 90-тите.
Модната икона искрено проговори за злоупотребата на дрога, признавајќи дека се свртела кон кокаинот за да се справи со траумите од детството и по смртта на италијанскиот дизајнер Џани Версаче. Наоми била вистински потресена, вели, кога нејзиниот близок пријател бил убиен пред неговиот дом во 1997 година.
– Претпоставувам дека кога почнав да земам дрога, тоа беше нешто со што се обидував да ја прикријам тагата. Зависноста е многу опасна работа. Навистина е така! Си мислите „Тоа ќе ја залечи таа рана“. Не! Тоа може да предизвика толку многу страв и вознемиреност, вели Кемпбел.
Манекенката родена во Велика Британија пет години се борела со својата зависност, а еднаш дури и се онесвестила на фотосесија во 1999 година.
– Кога се обидуваш да прикриеш нешто, твоите чувства – на пр. за напуштањето… Се обидов да ги прикријам со нешто… Не можеш да гo прикриеш тоа. Се убивав себе! Беше многу болно!, признава таа во документарецот.
Падот на сцената го оценува како „повик за будење“ што ѝ требал за да се пријави на рехабилитација. Во разговорот, Кемпбел говори и за своите стравови од детството и гневот поради тоа што не ги познава своите родители. Во документарната серија „Супермодели“ свое учество имаат и Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон.