Мистериозна смрт на лото-милијардер: Седнал на стоматолог и умрел, еден месец откако освоил неверојатна сума
Антонио Лопес Сикеира (73), добитник на 201 милион реали (1,944,803,323 дeнари) на лотаријата Мега-Сена, почина во средата, на 4 декември, во стоматолошката клиника во Кујаба (Бразил).
Добитниот тикет го платил со методот „изненадување“, кој овозможува случаен избор на броеви, потврди сопственикот на лото агенцијата Џесер Даруж.
Методот „изненадување“ (port. surpresinha) е дизајниран за играчи кои не се сигурни кои броеви да ги изберат.
Сикеира редовно ја посетувал локалната агенција за лотарија и често се шегувал дека ќе добие голема победа.
-Многу е тажно. Сите сонуваат да ја освојат оваа сума, но тој не успеа да ужива“- изјави Даруж.
Антонио ја освои една од најголемите победи во историјата на Мега-Сена. Неговиот тикет, за кој платил само пет реали, ги содржел броевите: 13, 16, 33, 43, 46 и 55. Шансите да го освоите џекпотот во оваа игра е 1 спрема 50.063.860.
Трагедија за време на стоматолошки третман
Сикеира бил на стоматолошки третман кога ненадејно му се слошило. Според полицијата, тој боледувал од хипертензија и дијабетес.
Инспекторот Едисон Пик, кој ја води истрагата, рече дека се собираат информации за да се утврди причината за смртта.