МКЦК соопшти дека е блокирана помошта од Дамаск

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) апелираше да се овозможи испорака на помош од Дамаск во северозападниот дел на земјата, која е под контрола на опозицијата.

– Се обидовме да влеземе во Идлиб преку демаркационата линија и досега, за жал, бевме блокирани, изјави Фабрицио Карбони, регионален директор на МКЦК за Блискиот и Средниот Исток.

– Значи, немам информации од прва рака за патиштата и пристапот, но подготвени сме да влеземе, но засега сме блокирани да ја преминеме линијата, се надевам дека тоа наскоро би можело да се промени, рече тој во Женева.

Back to top button
Close