МНР упати сочувство: Нашите мисли се со народот на Црна Гора

Министерството за надворешни работи упати сочувство по масакрот во Цетиње, Црна Гора.

,,Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Солидарни сме со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, велат од МНР.

Во масакрот убиени беа 12 лица, а меѓу жртвите има и две деца на возраст од 10 и 13 години. Четири лица се во болница, од кои едно е во многу критична состојба.

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост, а откажани се голем број настани.

Back to top button
Close