„Мојот син е мртов, сега вирусот ќе умре“: Илон Маск упати ужасни, нетатковски, квалификации за трансродовата ќерка
Милијардерот Илон Маск не може да прифати дека неговиот син го променил полот. Сега отиде и чекор подалеку и рече дека неговиот син, кој се идентификува како жена, е „мртов“.
„Мојот син Хавиер умре. Тој беше убиен од Woke вирусот. напиша Маск на X кога одговори на тврдењето на неговиот син дека извршил нацистички поздрав за време на говор.
Вивиен Џена Вилсон, ќерката на милијардерот Илон Маск, повторно е во центарот на вниманието откако во искрено интервју проговори за нејзината отуѓеност од нејзиниот татко и за предизвиците со кои се соочува како трансродова жена.
Дваесетгодишната Вивиен Вилсон со години јавно ги критикува ставовите на Маск за транс луѓето, нагласувајќи ја важноста на безбедноста и правата за транс заедницата.
Која е Вивиен Џена Вилсон?
Вивиен Вилсон е родена во 2004 година како Хавиер Александар Маск и е едно од петте деца што Елон Маск ги имаше со својата прва сопруга, канадската писателка Џастин Маск. На осумнаесет години решила да го смени името и правно да се огради од својот татко, наведувајќи во судските документи дека повеќе не сака да има никаква врска со него.
Транзицијата на Вивиен Џена Вилсон: нејзината мајка, Џастин Маск, ја поддржуваше нејзината транзиција, додека Илон Маск отворено ја критикуваше.
За разлика од нејзиниот татко, Џастин ѝ обезбедила на ќерката пристап до медицинската нега која и била потребна за време на адолесценцијата.