Модерна ги тужи Фајзер и Бионтек за вакцината мРНА

Фармацевтската компанија Модерна ги тужи Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек за кршење на патент во развојот на првата вакцина против Ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што Модерна ја развила повеќе години пред пандемијата.

Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска Модерна.

– Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на Ковид-19, рече извршниот директор на Модерна, Стив Банселс во изјавата

Back to top button
Close