Молам, кој доби шамар ?!?

Во нормална држава, кога известувачот за Македонија во Европскиот парламент ќе каже дека нема реформи, нема напредок и нема сериозен чекор кон ЕУ, власта во најмала рака би се засрамила и замислила. Но кај нас, власта слави. Не затоа што нешто демантирале, туку затоа што откриле дека изјавата на Томас Вајц не била дадена оваа недела, туку пред еден месец.
И сега, читаме трагикомичен вмровски спин дека, всушност претседателот на СДСМ, Венко Филипче, добил шамар од Брисел. Не они.
Замислете го тој политички очај:
Не можеш да ја побиеш пораката, па почнуваш да го проверуваш датумот.
Не можеш да кажеш дека има реформи, бидејќи ги нема, па се фаќаш за календарот.
Не можеш да покажеш резултат, па триумфираш што критиката е „постара“.
А што точно се сменило во тој месец? Дали Македонија тргна напред? Дали се отвори европскиот хоризонт? Дали владата испорача нешто што личи на реформа овие месец дена?
Ништо.
Апсолутно ништо!
И токму затоа реакцијата на власта е толку очајна. Не е ова политички спин, ова е политичка капитулација. Признание дека немаат аргумент, немаат резултат и немаат што да понудат, освен евтин трик со датумот на изјавата.
Тоа е како некој да ти каже дека си целосно неспособен, а ти со радост и гордост да возвратиш: „Даааа, така е, ама тоа го кажа минатиот месец.“
Море очајници.
Проблемот не е кога ти било кажано, туку што ти било кажано. И дека тоа е вистина.
Особено трагично е што токму во истиот период еврокомесарката за проширување Марта Кос ги наброја сите земји од регионот во контекст на напредокот – освен Македонија.
Не сме ниту спомнати. Не сме дел од приказната. Не сме ни тема.
Земјата е избришана од европскиот радар, а владата слави затоа што критиката имала стар датум.
Затоа што не била доволно “свежа”.
Ова не е само политичка инфантилност. Ова е состојба на политичка паника. Кога немаш резултати, почнуваш да се радуваш на смешни ситници. Кога немаш европска политика, почнуваш да глумиш победник во пораз.
И токму тоа е суштината на оваа власт: нема реформи, нема напредок, нема визија- но затоа има огромен талент да го претвори сопствениот неуспех во лажен триумф.
Да го претвоти жешкиот шамар во радосен восклик
Андреј Жерновски фб статус

Back to top button
Close