Монд: Поради штрајкот на ѓубреџиите, на улиците во Париз има околу 5.400 тони смет

На седмиот ден од штрајкот на собирачите на ѓубре, на улиците на Париз има околу 5.400 тони ѓубре, јави синоќа францускиот весник „Монд“, повикувајќи се на властите на градската општина.

Ѓубреџиите штрајкуваат како дел од протестот поради пензиската реформа бидејќи и за нив е поместена старосната граница за пензионирање од 57 на 59 години.

Жителите на Париз, иако загрижени поради насобраното ѓубре и можната појава на стаорци, рекоа дека го сфаќаат незадоволството на собирачите на ѓубре бидејќи работат тешка работа.

Синдикатите, дел од граѓаните и опозицијата се против пензиската реформа која предвидува поместување на старосната граница за пензионирање на 64, наместо на 62 години.

Оваа реформа претходно ја најави францускиот претседател Емануел Макрон, кој минатата година го почна својот втор, петгодишен мандат.

Back to top button
Close