Можниот убиец на Бориловиќ на распит во црногорското обвинителство

Во црногорското Вишо државно обвинителство (ВДТ) вечерва е сослушан Ненад Калуѓеровиќ од Цетиње во својство на граѓанин, потврдила за „Вијести“ шефицата на ВДТ, Лепа Меденица.

Како што пренесуваат „Вијести“, освен него, во ВДТ исказ дале уште неколку сведоци, а претходно биле сослушани уште неколку лица.

По сослушувањето во Вишото државно обвинителство во Подгорица, Калуѓеровиќ е пуштен на слобода, објави доцна вечерва порталот на РТЦГ.

Калуѓеровиќ беше поврзан со елиминацијата на масовниот убиец Вук Бориловиќ кој во петокот уби 10 лица во населбата Медовина во Цетиње, а потоа беше ликвидиран.

Полициската управа соопшти дека сè уште се утврдуваат околностите, дали смртта на Бориловиќ настанала како последица на тешко ранување при судир со полицијата или последователно истрелување проектил на сè уште неутврден начин од граѓанин.

Back to top button
Close