Можно е да променам место на седење во Парламентот, вели Реџепи

„Добар сум се е добро и одиме понатаму“, рече пратеникот Кастриот Реџепи во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, како одговор на новинарот.

На прашањето дали редовно го посетува Парламентот, Реџепи истакна дека е редовен, кога има обврски.

„Вчера имаше една регионална конференција за соработка со медиумите“, додаде тој.

Местото во Парламентот не ви е променето, со параламентарците од БЕСА седите заедно ? – беше запрашан Реџепи, при што истакан дека можна е промена на столчето во Парламентот.

„Се уште сме немале пленарна седница, a таму се обележани местата. Јас им кажав на колегите, се сретнав со колегата Фазил Зендели од БЕСА и разговарав со него бидејќи гледам дека инсистираат на тоа дека јас сум исклучен од партијата, иако тоа е дискутабилно. Му сугерирав дека можно е да променам место на седење, иако тоа не е некаков проблем. Секој си го има своето столче“, рече Реџепи.

Back to top button
Close