Мукиеле за 15 милиони евра во ПСЖ

Францускиот фудбалски репрезентативец Норди Мукиеле (24) преоѓа од германски Лајпциг во редовите на францускиот шампион ПСЖ, јавија денеска британските медиуми.

ПСЖ ќе плати обесштетување од 12 милиони евра, а заедно со бонусите вкупниот износ е 15 милиони евра.

Дефанзивецот Мукиеле е трето засилување во редовите на ПСЖ пред стартот на новата сезона по португалскиот играч од средниот ред Витињо и талентираниот напаѓач Уго Екитике.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close