Мурињо: Тотенхем е единствениот клуб во мојата кариера со кој немам блиски односи

Жозе Мурињо го нарече Тотенхем единствениот клуб во неговата кариера со кој нема блиска врска.

 

– Тотенхем е единствениот клуб со кој немам блиски односи. Можеби затоа што стадионот беше празен за време на Ковид. Или затоа што претседателот Леви не ми дозволи да играме финале и да го освојам трофејот. Но, ова е единствениот таков клуб во мојот живот, изјави Португалецот, кој сега работи во Рома.

 

Мурињо го предводеше Тотенхем од 2019 до 2021 година.

 

Во кариерата Португалецот има работено и во Бенфика, Леира, Порто, Челзи, Интер, Реал и Манчестер јунајтед

Back to top button
Close