Муслиу за „Тајни имоти“: Мојот имот е заведен во Катастер на мое име, јас не сум државен функционер

Мојот имот е заведен во Катастер на мое име. Јас не сум државен функционер и не земам пари од државатa, ијзавил за „Локално“, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во врска со објавените имиња за аферата „Тајни имоти“ која ја обелодени опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
Тој појаснува дека нема потреба да поднесе до ДКСК анкетен лист за својот имот бидејќи не е функционер, а во Фондот на холокаустот работел волонтерски без паричен надоместок.
Муслиу вели дека ќе ја повика опозицијата на соочување за да каже што е толку во неговиот случај „аферистично“.
-По овие јавно изнесени тврдења ќе се консултирам со адвокат за што понатаму ќе може да превземам, водено ја повикувам опзицијата да се соочиме и да ми кажат што е толку „аферистично“ во мојот случај, вели аналитичарот.






