Мутирано АЛО АЛО

Вчерашната изјава на адвокатот на Боки 13 која порталите заради атрактивноста, претпоставувам бомбастично ја пренесоа, а богами и ВМРО ДПМНЕ дури и прес конференција одржа, да бидам искрен ич не ме возбуди или трогна, едноставно ми беше смешно и само ме потсети на мутираното АЛО АЛО на кое бев жртва цела една година од истите што сега кукаат дека некој ќе им ја симнел главата. Од сопствено искуство можам да претпоставам кој е инспираторот за вчерашната бомбастична заканувачка прикаска.

Да бидам искрен, да не беше сведочењето на Орце Камчев во кое ја раскажа епизодата со мутирано АЛО АЛО на мојот телефон, според кое тој бил сведок на такви сеанси за забава на кои Боки и Сергеј ми се јавувале едноставно да си пополнат време и да ме вознемируваат, напати и со морбидни приказни во кои не беше поштеден и мојот покоен син.

Искрено подолго време бев повеќе од вознемирен и дури сега сфатив колку сум бил наивен кога заедно со Бојан пријавивме кај министерот Спасовски и во одделот за сајбер криминал дека сме жртви на сајбер криминал од странци. поточно истражители од некакво Канадско биро за истрага како што се преставуваа.

Пријавив и во банката бидејки во тие јавувања мутираниот глас ми ги издиктира личните генералии, адреса на живеење па дури и матичниот број и бројот на трансакциската сметка. И да не гњавам, тоа траеше речиси до лишувањето на Боки од слобода и јас бев во заблуда дека навистина јас и тој сме жртви на одвратно малтретирање, а ни на крај памет не ми беше дека главниот играч или, ако сакате, инспиратор, за жал бил токму Боки, момчето кое јас искрено го почитував, без разлика на сите предрасуди што во јавноста се вртеа околу него. Да знаев порано кои биле вистинските телефонисти-мутанти можеби и јас ќе најдев некој адвокат, тој ќе најдеше заинтересирана партија и ете ти топ прикаска за забава на народот, особено во предизборие.

П.С.

Нека ми прости Боки, адвокатот негов не оти тој е платен да употреби се за да го одбрани тој кој што го плаќа, ич не се ситам на се што му се случува, но сепак изборот бил негов. А за мутираните АЛО АЛО јавувања никогаш, ама никогаш нема да им простам него и на Сергеј, тие најдобро знаат зошто. Така што, вчерашното запомагање на адвокатот и партискиот прес се само евтина приказна во режија на Боки слична како онаа дека, не дај боже, има рак. Сепак јавноста се забавува ама тврдам, на вакви итроштини тешко дека ќе поверува.

Ацо Кабранов

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close