МВР ги демантира тврдењата дека е пронајдена 14-годишната Вања Ѓорчевска во соседна држава

Се уште се трага по 14 годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна пред три дена додека одела кон училиште.

Од МВР ја демантираат веста дека девојчето било најдено во соседна држава, што ја објавија некои портали.

Вања Ѓорчевска е пријавена како исчезната откако не се појавила во училиштето. Оттогаш почна потрагата по неа.

Последниот сигнал од нејзиниот мобилен телефон беше лоциран на Партизанска, кај кафулето „Броз“, наспроти Универзалната сала.

Во потрагата освен полицијата се вклучија и граѓани, а фотографии со нејзиниот лик се залепени низ целиот центар на Скопје. Вчера во потрагата се вклучи и ловечката федерација, која ја бара Вања на непристапни места.

Back to top button
Close