МВР изрече 59 санкции на возачи од јавен превоз
Министертвото за внатрешни работи, денеска спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 59 возачи.
– При контролата, 34 возила се исклучени од сообраќај поради техничка неисправност, од кои 27 возила имале неисправен уред за запирање, соопштија од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР, од каде апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.