МВР: Расчистено убиството во Гостиварско, приведени три лица
МВР информира дека по добиената пријава за инцидентот воспоставена е оперативна акција „обрач“ за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека полицијата го расчистила убиството што попладнево се случи во гостиварско Дебреше, во кое беше застрелан 35-годишник. Приведени се три лица.
„Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К. (35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција ‘обрач’ за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32)“, информираат од МВР.
Полицијата ја пронашла и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото „волво“ со кое осомничените сторители се оддалечиле од местото. По документирање на случајот, како што додаваат од Министерството, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство