МВР: Во сообраќајката на булевар „Гоце Делчев“ учествувал и мопед, повреден е возачот на автомобилот

Во сообраќајната несреќа што попладнево, во 16:40 часот, се случи на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на плоштадот „Скендербег“ освен возилото „бе-ем-ве“ учествувал и мопед „пиаџо“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Возилото „бе-ем-ве“ било со скопски регистарски таблички и било управувано од 24-годишниот Ф. Л., додека мопедот го возел 19-годишниот М. С. Од МВР велат дека до оштетување на возилото дошло кога во несреќата тоа удрило во столб од надвозникот.

Според информациите од МВР, телесни повреди има само возачот на автомобилот.

„На 18.10.2024 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на бул. ’Гоце Делчев’ во Скопје во која учествувале патничко возило ‘бе-ем-ве’ со скопски регистарски таблички, управувано од Ф. Л. (24) и мопед ‘пиаџо’ управуван од М. С. (19), по што возилото ‘бе-ем-ве’ удрило во столб. Со телесни повреди се здобил Ф. Л.“,се вели во полициското соопштение каде се наведени деталите во врска со оваа сообраќајка.

На местото на несреќата увид извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.

По несреќата, сообраќајот на булеварот се одвиваше отежнато и по една коловозна лента.

Back to top button
Close