МВР: Зајакнати акциски контроли за брзо возење, констатирани 628 прекршоци
На територија на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи вчера од 14 до 20 часот спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите, кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, соопштија денеска од МВР.
– При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината – информираа од МВР.






