МЗ: Ќерката на пациентот побарала итната помош да застане

Одговор на МЗ:

Почитувани, по извршените разговори со сите засегнати страни, вклучително и ќерката на пациентот кој бил во возилото на брзата помош ви ги споделуваме деталите за овој случај.
Се работи за пациент кој во понеделникот испишан од болницата требал да биде трансфериран во Општа болница Струга. Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во ЗД Струга. Од таму обезбедиле возило кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејки ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко и бил свесен контактибилен во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот. И покрај тоа што таа барала, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки.

Back to top button
Close