МЗТ Скопје го доби дербито со Работнички, прв пораз на Еуро Никел

Актуелниот кошаркарски македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва го победи Работнички со 73:59. Се уште најтрофејниот Работнички е во серија од девет последователни порази од „аеродромци“, воедно три години нема победа на домашен терен.

Само во првата четвртина на дербито во СРЦ „Кале“ беше нерешено (14:14), а потоа гостите доминираа. Постепено ја зголемуваа предност која во еден момент изнесуваше 19 поени. Работнички и покрај обидите на успеа да фати резултатски приклучок.

Најефикасни во МЗТ Скопје беа капитенот Дамјан Стојановски со 17 поени и Душан Танасковиќ со 16.

Во поразениот тим се истакна Квентон Декоси со 17 поени.

Натпреварот пред почетокот на втората четвртина беше во 20-минутен прекин поради фрлање на теренот тврди предмети и пиротехнички средства од двете навивачи групи.

Покрај дербито, вечерва се одигра уште еден натпревар од 4. коло во Првата лига. Досега непоразениот Еуро Никел, на свој терен загуби од Пелистер со 66:60.

Сега на врвот на табелата се Еуро Никел, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ со по три победи и еден пораз.

Back to top button
Close