Н1: Србија не учествува во Загреб на Кримската конференција поради барањето на рускиот амбасадор во Белград

 

 

На средбата на рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан Харченко, со претседателот на српскиот парламент, Владимир Орлиќ, одржана на 16 септември, амбасадорот Харченко „изразил очекување дека делегацијата на Народното собрание на Република Србија нема да учествува на самитот на Кримската платформа”, која се одржува во Хрватска, пишува белградска ТВ Н1.

Ова се наведува во собраниската белешка, објавена на 21 септември, за разговорот меѓу Владимир Орлиќ и Боцан Харченко, пренесува Н1.

Да потсетиме, во Загреб се одржува првиот парламентарен самит на Кримската платформа на кој учествуваат повеќе од 40 земји, но не и Република Србија.

Агенцијата Хина претходно објави дека Србија била поканета на самитот, но не одговорила на поканата.

Back to top button
Close