На Бугарија одобрени 1,37 милијарди евра од Планот за закрепнување и отпорност

Бугарскиот вицепремиер за европски фондови Атанас Пеканов објави дека првата исплата за државата според Планот за закрепнување и одржливост во износ од 1,37 милијарди евра добила прелиминарно одобрение од ЕК. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Пеканов, се очекува тоа да се случи во рок од две до три недели. Исплатата е одобрена за 22 завршени фази и цели и 18 реформи и инвестиции во Бугарија.

Вицепремиерот за европски фондови Атанас Пеканов коментира дека нема доцнење во исплатите на Бугарија, а одобреното претставува 23 отсто од вкупниот финансиски ресурс според Планот за закрепнување и одржливост.

Атанас Пеканов коментира дека втората исплата според Планот не е поврзана со намалувањето на емисиите на јаглерод од јаглен од 40 проценти. Според него, тоа не е врзано за втората исплата, бидејќи енергијата во моментов предизвикува вонредни дискусии низ Европа, па Софија следи какви се дискусиите и во другите земји, за да можеме соодветно да реагираме.

За неколку дена во 48. Народно собрание на Бугарија ќе бидат воведени уште неколку предлог-закони поврзани со втората исплата за Бугарија, а товарот отсега ќе биде на Националното собрание, коментира Атанас Пеканов.

Back to top button
Close