На фронтот во Украина во моментов против Русија војуваат 36 Македонци


Руската амбасада во Македонија во текот на денот објави информации од руското Министерство за одбрана со билансот од странски платеници, кои според нив, во моментов се борат на фронтот на украинска страна.

Според овие податоци, од почетокот на инвазијата во Украина, заминале 79 лица од Македонија или со македонско државјанство, од кои 24 загинале. Во билансот стои и дека 19 македонски платеници досега ја напуштиле Украина, а 36 остануваат да војуваат.
„Министерството ги следи и ги регистрира по име сите странски платеници кои пристигнале во Украина за да учествуваат во воените дејствија. Според меѓународното хуманитарно право, странските платеници се комбатанти и најдоброто што ги чека доколку бидат фатени живи е судење и максимална затворска казна“, се вели во објавата на Руската амбасада.

Back to top button
Close