На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, крајна дестинација била Северна Македонија

На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија.

-Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината на дрога, возилото и два мобилни телефона, стои во полициското соопштение.

Се додава дека продолжува истрагата и во соработка со македонските колеги, за целосно расветлување на случајот и фаќање на други лица за кои постои сомневање дека се вмешани.

Грабоцка, според полицијата, во 2020 година бил уапсен поради помагање на илегално преминување на границата, откако бил фатен како превезува мигранти во правец на Тирана.

Back to top button
Close