На изборите во САД веќе гласаа повеќе од 60 милиони Американци
Повеќе од 60 милиони Американци ја искористија можноста да гласаат предвреме и да го дадат својот глас на претседателските избори во САД на 5 ноември.
Според Лабораторијата за гласачки права на Универзитетот во Флорида, пет дена пред изборите, гласале 60,9 милиони гласачи.
Од тој број, нешто повеќе од 32 милиони гласале лично на избирачкото место, а околу 28 милиони гласале по пошта, пишува Гардијан.
Освен за претседателските избори, граѓаните на САД гласаат и за Конгресот, а ќе избираат и третина од претставниците во Сенатот.