На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани

Пациентка од Кочани каде синоќа се случи пожар во дискотека при што загинаа најмалку 59 лица, пристигна доцна попладнево на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, јави МИА.
„Во Универзитетскиот клинички центар Ниш, од Северна Македонија во доцните попладневни часови е донесена 45-годишна пациентка со изгореници што зафатиле приближно 25 проценти од нејзината телесна површина и знаци на изгореници на дишните патишта. По приемот во Универзитетскиот клинички центар Ниш, повредите се хируршки третирани и направен е алтернативен респираторен пристап. Пациентката е хоспитализирана на одделот за интензивна нега“, соопшти УКЦ во Ниш

Back to top button
Close