На коњаницата овој Илинден општина Крушево нема да и прави пречек оти не ги почитувале протоколите против ковид

 

Градоначалникот на Крушево Томе Христовски на својот ФБ профил  ја коментираше конњаницата за Илинден и опасноста од корона вирусот заради непочитување на протоколите од комисијата за заразни болести

Во рпдолжение следува неговиот Фејсбук статус:

Заради не почитување на здравствените протоколи и меѓусебна заштита од страна на коњаницата, како што се недржење меѓусебна дистанца, нивно групирање и заеднички групен престој кои го прават во објекти, со не користење на заштитни сретства, како Градоначалник на општина Крушево по претходна препорака на здравствената комисија за заразни болести, препораки на медицински лица, оваа година како општина нема да организираме нивни пречек, заради наша здравствена заштита и пред се превентивна заштита на моите сограѓани.

Моите информации говорат дека се работи за ризични групи и преставници на повеќе здруженијата и поединци доброволци кои доаѓаат од повеќе правци кон Крушево, кои поминуваат низ повеќе општини, градови и населени места.

За кои информации ги информирав МВР и Министерството за здравство да преземат соодветни мерки, заради нивна здравствена заштита и заштита на нашите сограѓани, затоа што се работи за лица кои имале контакти со повеќе лица и граѓани низ сите населени места и општини, се здравствено не проверени со ПСР тестови, т.е. ризични.

Оваа година мора да се навикнеме и прилагодиме на новата нормалност. Вирусот ,,Ковид 19″ не препознава дали бил коњаник, патриот, дебел или слаб, колку бил храбар, јак, дали бил од било која верска, национална, или политичка припадност.

Вистински патриотски чин е да се заштитиме себеси, но и другите, не да предизвикуваме дополнителни проблеми и жаришта. Ги повикувам преставниците на овие здруженија, водачи, доброволци и сл. Да влијаат на нивните членови дополнително да не ја загрозуваат безбедноста и здравјето на граѓаните во Крушево, со излегување без заштита, групирање и со дополнителното нивно присуство, со нивниот престој со организирање забави по ресторани, кафеани, кафичи и сл.

Ги повикувам Преставниците, водачите, одговорните на коњаницата да се пријават на ,,НКС 10 Дена Крушевска Република”, заради полагање цвеќе достоинствено на паднатите борци според дадените протоколи и укажувања од здравствените власти.

Back to top button
Close