Најмалку 20 цивили се убиени во напад на бунтовници во Централноафриканската Република

Бунтовниците во Централноафриканската Република убиле најмалку 21 лице, вклучувајќи деца и војници, соопштија денеска локалните власти.

– Бунтовниците најпрвин нападнаа воени контролни пунктови, убиле едно лице и повредиле неколку други, а потоа го нападнаа цивилното население и убија околу 20 луѓе, рече Ернест Бонанг, пратеникот кој го претставува селото Нзакунду каде се случи нападот.

Тој додаде дека напаѓачите ги запалиле куќите во селото, кое сега е „испразнето“. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

Back to top button
Close