Најмалку 20 жртви откако потона чамец на река во источен Авганистан


– Најмалку 20 лица се удавија утрово кога чамец потона на река во провинцијата Нангахар, источен Авганистан, соопштија локалните власти.

Несреќата ја преживеале пет лица.

Бродот превезувал жени и деца. На местото на настанот се испратени спасувачи, а потрагата по исчезнатите е во тек.

Back to top button
Close