Најмалку пет лица загинаа во престрелка во Цетиње, полицијата трага по осомничениот
Според информациите на Вијести од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во ресторан во градот Бајице кога А.М. отворил оган врз неколку лица. После тоа, според достапните информации, пукал на улица.
Најмалку пет лица се убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје по физичка пресметка во локално кафуле, потврдија за Вијести.ме од повеќе неофицијални извори.
Според истите информации, полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње.
Ова се првите податоци на полицијата на местото на трагедијата, а се стравува дека бројот на жртви ќе биде уште поголем.
Според информациите на Вијести од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во ресторан во градот Бајице кога А.М. отворил оган врз неколку лица. После тоа, според достапните информации, пукал на улица.
„Ја информираме јавноста дека се работи за настан кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи. За разрешување на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“ се вели во полициското соопштение