На пописот во Бугарија преброени 1.143 Македонци

На денешната презентација на податоците од пописот на населението во Бугарија спроведен лани, Националниот статистички институт објави дека доминираат Бугарите кои сочинуваат речеиси 85 проценти од населението, а како припадници на други етнички заедници се забележани Турците со 8,4 отсто и Ромите кои сочинуваат 4,4 отсто од населението. Сите останати заедници се впишани во графата „други“, вклучувајќи ги и Македонците чиј број изнесува 1.143

На денешната презентација на податоците од пописот на населението во Бугарија спроведен лани, Националниот статистички институт објави дека доминираат Бугарите кои сочинуваат речеиси 85 проценти од населението, а како припадници на други етнички заедници се забележани Турците со 8,4 отсто и Ромите кои сочинуваат 4,4 отсто од населението. Сите останати заедници се впишани во графата „други“, вклучувајќи ги и Македонците чиј број изнесува 1.143.

Македонците ги нема во резултатите од пописот, но на презентацијата се споменати во одговор на новинарско прашање кои се другите етнички групи.

Според објавените податоци, освен бугарската, турската и ромската етничка припадност има пријавено Помаци, Руси, Бугаро-мохамеданци, Ерменци, Украинци, Англичани, Каракачани, Власи, Евреи, Македонци, Татари, Италијанци, Полјаци, Романци и други.

Исто така, имало случаи на човек кој се запишал како марсовец, па и „табуретка“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close