На руска студентка и се закануваат 10 години затвор поради објава на „Инстаграм“ во врска со војната во Украина

На руска студентка и се заканува затворска казна до 10 години поради нејзината објава на „Инстаграм“ во врска со војната во Украина, јави Би-Би-Си.

Олесија Кривцова е во домашен притвор во северниот град Архангелск. Дваесетгодишната студентка на локалниот универзитет има електронска нараквица на ногата и полицијата може да ја следи.

Прекршокот на Олесија е што споделила објави против војната во Украина на „Инстаграм“, социјална мрежа која руските власти ја прогласија за екстремистичка по инвазијата на соседната земја во февруари минатата година. Една од публикациите конкретно се однесуваше на експлозијата на мостот на Крим во октомври.

„Споделив на Инстаграм приказна за мостот, која зборува за тоа колку Украинците се среќни поради тоа што се случи“, изјави руската студентка за Би-Би-Си.

Олесија е обвинета за „оправдување тероризам“ и дискредитација на руските вооружени сили. Таа може да биде осудена на 10 години затвор.

Според условите за домашен притвор, на студентката не и е дозволено да зборува на телефон или да користи Интернет

Back to top button
Close