На синот на норвешката принцеза му е одреден еднонеделен истражен притвор

Синот на норвешката принцеза Мете-Марит, Мариус Борг Хојби е во еднонеделен притвор под обвинение за силување.

Во понеделникот Хојби (27), кој е син на норвешката принцеза и посинок на престолонаследникот Хакон беше приведен под сомнение дека имал сексуални односи „со лице кое било без свест или поради други причини не можело да се спротивстави на тој чин“.

По тој повод се огласи и престолонаследникот Хакон кој рече дека случајот ги погодил сите во семејството. „Ова се сериозни обвиненија и, секако, мислиме на сите оние кои се повредени“, изјави Хакон за норвешката јавна телевизија НРК додека беше во официјална посета на Јамајка.

Полицијата соопшти дека Хојби се соочува и со обвинувања за насилство и врз други жени и употреба на дрога.

Се сомничи дека на 4 август тој е осомничен за физички напад врз жена со која бил во врска. Хојби призна дека и нанел телесна повреда под дејство на кокаин и алкохол и дека и го оштетил станот.

Хојби не е во линијата на кралското наследство

Back to top button
Close