На српско-хрватската граница се шета пантер

Кај Апатин, град на границата на Србија и Хрватска, виден е црн пантер, потврди ЈП Војводина шуми и предупредија дека станува збор за исклучително опасно животно. Животното претходно го забележале жителите на селото Сонта.

-Предаторот е крајно опасен и апелираме до граѓаните да се грижат за себе и за своите најблиски. Доколку некој забележи црн пантер, потребно е веднаш да ја извести надлежната полициска станица, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close