На таткото на Коста К. му се заканува затворска казна од 12, а на мајката од две и пол години

Апелациониот суд во Белград го потврди обвинението против таткото и мајката на Коста К. кој на 3 мај уби девет ученици и чувар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

Во обвинението таткото на момчето, Владимир Кецмановиќ се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, додека неговата мајка Милијана Кецмановиќ се товари за недозволено изработување, држење и носење оружје и експлозивни материјали.
Второстепениот суд ја одби жалбата на бранителот на третообвинетиот и го потврди решението за потврдување на обвинението, потврдено е за Танјуг од Вишиот суд во Белград.

Судот наскоро треба да го закаже почетокот на судењето.

 

Back to top button
Close