Надал со честитка до Ѓоковиќ: 23 е број кој до пред неколку години не можеше да се замисли, а ти успеа

Рафаел Надал веднаш по завршување на финалето на Ролан Гарос му честиташе на Новак Ѓоковиќ за освоената 23-та гренслем титула, со што стана тенисер со најголем број гренслем титули во историјата на тенисот.

-Честитки на ова неверојатно достигнување. 23 е бројка која до пред неколку години не можеше ниту да се замисли, а ти успеа! Уживај со твоето семејство и твојот тим, напиша Надал на Инстаграм.

Со оваа титула, Новак го надмина токму Надал кој сега останува на второто место со 22 гренслем титули.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close